Рускиот претседател Владимир Путин неодамна во отворена емисија, на селанец кој учтиво замолил да се направи пат во неговото село, му изјавил: „Што ќе ти е пат кога немаш автомобил“.
Токму поради таа изјава дојде до силна расправа на дебата на каналот за руската државна телевизија „Русија 1“, каде еден од лидерите на руската опозиција и поранешен премиер Михаил Касјанов остро ја изнесе таа реченица, напаѓајќи го на сите можни начини.
Имено, рускиот опозиционер тврди дека Путин го изјавил тоа в лице и се смеел на сметка на селанецот во програма во живо одговарајќи на прашањата на граѓаните.
Водителот на дебатата Дмитриј Шугорев негираше дека претседателот изјавил такво нешто, а по рекламите изјави дека неговата екипа ги барала сите архиви на Путиновата „директна линија“ и никако не успала да го најде тоа што Касјанов го изнесе.
Касјанов инаку е поранешен близок соработник на Путин и премиер на Русија, а војната со Путин дефинитивно ја зпочна во април кога протече неговата снимка со 19-годишна помлада љубовница.
Но, Русите со еден клик на „Јутјуб“ ја пронајдоа снимката и докажаа дека опозиционерот бил во право.
Имено, човек од селото Белјго во Хабаровскиот регион изјави дека пред две години Путин имал кампања во која изјавувал дека бил вљубен во возила и на сметка на тоа тој сега годишно плаќа данок за моторни возила од 4000 рубљи (61 американски долари), иако неговото село нема пат, а најблискиот автопат бил оддалечен 50 километри од селото.
Програмата се емитувала во живо, Путин почнал да се смее и го запрашал селанецот: „Што ќе ви е автомобил, ако немате пат? Каде ќе возите?“
Несреќниот човек продолжил да му говори на Путин за тоа дека е неопходно да се изградат патишта и генерално да се подобри инфраструктурата затоа што најмногу им е потребна на повредените и на болните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)