Белградската полиција и натаму трага по вооружениот маж кој синоќа, по пукањето, се сокри во висококатница број 241 на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград, изјавија од српското МВР утринава за „Танјуг“.
Како што јавуваат српските медиуми, една станарка на полицијата ѝ дала снимка од безбедносните камери на која, како што се наведува, се гледа дека станува збор за „проќелав маж на возраст од околу триесетина години“.
Мажот кој возел црн автомобил БМВ синоќа малку по 20 часот почнал бесцелно да пука од возилото и со автомобилот удрил во други автомобили на улицата „Јуриј Гагарин“, оштетувајќи најмалку уште четири возила.
По пукањето, осомничениот почнал да бега по улицата „Јуриј Гагарин“, но кај бројот 213 му испаднало тркалото од возилото, па продолжил да трча и вооружен влетал во солитерот број 241 на истата улица.
Како што синоќа јави репортерот на „Танјуг“ од самото место, полициските сили го опколиле цел Блок 45 на Нов Белград, како и солитерот во кој се крие напаѓачот.
Како што наведуваат белградските медиуми, во напуштениот автомобил на напаѓачот полицијата пронашла два пиштола.
Силни полициски сили го опколиле солитерот во кој се наоѓа напаѓачот.
Според медиумите, се крие на некој од 14-те ката од висококатницата со 90 стана.
Станарите се информирани дека не можат да излезат надвор, нити кој било смее да влезе во зградата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Американка со српско потекло загина во пукање во болница во Чикаго
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат