Со два брилијантни потези, Емануел Адебајор е најзаслужен за бодот што Тотенхем вечерва го освои против Челси. Лондонското дерби заврши без победник, 2-2.
Домаќините двапати водеа со головите на Оксар и на Рамиреш, а Адебајор со велемајсторски гол и со супер асистенција до Сигурдсон го одведе Тотенхем до реми. Челси на две рунди до крајот на Премиерлигата има 69 бода на третото место и е многу блиску до пласман во Лигата на шампионите. Арсенал е зад нив со 67 бода и натпревар повеќе во однос на Тотенхем кој собра 66 бода. Интересна битка на три лондонски состави за две места во ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)