| четврток, 6 декември 2018 |

Започната е најобемна инвестиција во опрема за АРМ од нејзиното основање

Континуирано веќе две години интегрирани проектни тимови,  со најкомпетентни лица од сите родови видови и служби во АРМ беа вклучени во процесот со обезбедените средства да се обезбедат најсоодветни системи и средства за интероперабилноста и борбената готовност биде на највисоко рамниште, посочува Генерал мајор Васко Ѓурчиновски во интервју за ТВ Нова околу модернизацијата на македонската армија.

-Навистина не радува дека за кратко време ќе се случи конечно целосно опремување и модернизација со сите системи борбени и неборбени системи, со возила, воздухоплови, логистички системи, средства за противвоздушна одбрана. Специјалните единици ќе бидат оспособени со најмодерна и најсофистицирана опрема. Борбената готовност на нашата армија ќе биде кренато на значително повисоко рамниште. За нас ќе биде позитивен комплимент дека ќе изградиме навистина мобилни способни и ефективни сили со кои ќе се гордеат сите граѓани на Македонија. Убеден сум дека ќе бидеме навистина респектабилен одбранбен фактор, првенствено за одбрана на нашата татковина, а потоа и таму каде се стремиме  да бидеме рамноправни во операциите со нашите партнери. Верувам дека сите припадници со задоволство го очекуваат моментот на заокружување на процесот на трансформација и модернизација на АРМ- вели Генерал мајор Ѓурчиновски во интервју за ТВ Нова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top