Летото уште не завршило а Холивуд веќе пресметал дека минало како најлоша сезона за блокбастерите. Веќе е направена и листа на Најголемите 10 летни потфрлања. Секако, тука не се зема предвид комерцијалниот успех. Но, дури и во САД ова лето се продадени 10 проценти помалку кино- влезници од лани. А сето тоа е заради помалата посетеност на следните филмови од кои се очекуваше многу повеќе.
10. Самоубиствениот одред (Suicide Squad)
Заработка: 577 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 6.8, Rotten Tomatoes: 47%
По разочарувањето на Бетмен против Супермен, DC никако да се собере Иако овој филм е на добар пат, во овие два часа е вметнато премногу за да би имало смисла.
9. Мајстори на илузијата 2 (Now You See Me 2)
Заработка: 320.9 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 6.7, Rotten Tomatoes: 47%
По солидниот прв филм, вториот е во целост невпечатлив, иако допре до целиот свет. Прогласен е за Продолжение кое никогаш не би требало да се сними
8. Легендата за Тарзан (Legend of Tarzan)
Заработка: 352.6 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 6.6, Rotten Tomatoes: 50.5%
И покрај плејадата ѕвезди како Samuel L. Jackson, Christoph Waltz i Margot Robbie филмот е бледа обработка и во сенка на „Книга за џунглата“ која беше издадена неколку месеци претходно.
7. Warcraft
Заработка: 433.5 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 7.3, Rotten Tomatoes: 52.5%
Иако режисерот Duncan Jones е вљубеник во светот на играта Warcraft и неговиот проект не требаше да биде само „за заработка“, филмот ги израдува само играчите и оние кои се запознаени со успешната франшиза. Во САД заработи само 47 милиони долари.
6. Алиса зад огледалото (Alice Through The Looking Glass)
Заработка: 294.5 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 6.4, Rotten Tomatoes: 41.5%
Иако адаптацијата на Burton на класиката на Lewisa Carrolla не ги воодушеви ниту критичарите ниту публиката, филмот заработи преку милијарда долари, па филмот доби продолжение. Иако Burton не се фати во мамката, во него се врати Johnny Depp, па сепак филмот се оценува како „неинтересна каша од се и сешто.
5. Нинџа желки: Излегување од сенка (Teenage Mutant Ninja Turtles: Out of the Shadows)
Заработка: 240.6 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 6.3, Rotten Tomatoes: 45.5%
Овој класичен анимиран филм делува чудно во нова техника, но уште почуден е новиот продолжеток. Дури ниту финансиски не се доближи до претходникот, што значи ги изневери сите.
4. Ден на независноста: Препород (Independance Day: Resurgence)
Заработка: 382.2 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 5.4, Rotten Tomatoes: 32.5%
Иако имаше одлична најава, продолжетокот без Willa Smitha излезе очајно лош. Холивуд уште една лошо процени штоп е потребно за продолжеток „Навреда за блокбастерите“, напиша еден критичар.
3. Бен Хур (Ben-Hur)
Заработка: 22.3 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 5.4, Rotten Tomatoes: 47.5%
И покрај импресивната трка со кочии римејкот на филмот од 1959 година (кој пак е римејкна филм од 1925) е меѓу најголемите промашувања. Дури се зема и како доказ дека на луѓето им здосадија бесконечните обработки на стари филмови. „Му недостасува причина за постоење“, напиша еден критичар во Лос Анџелес Тајмс
2. Ледено доба: Големиот удар (Ice Age: Collision Course)
Заработка: 315 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 5.8, Rotten Tomatoes: 25.5%
франшизата која одлично заработува 14 години мора да има крај. Шестото продолжение заработи дури помалку од првото, а критичарите го нарекоа „Неинвентивно и несмешно“.
1. Девет животи (Nine Lives)
Заработка: 17.2 милиони долари Просечни оценки: IMDB: 3.8, Rotten Tomatoes: 25.5%
Никој не веруваше дека оскаровецот и ѕвездата на „Куќа од карти“ Kevin Spacey трошел време на ваков филм во кој е претворен во мачка.Дел од критичарите оценија дека „луѓето повеќе се насмевнуваат на некои погреби“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.