| четврток, 6 декември 2018 |

Паника на Јадранот: Досега невиден „џин” пливал покрај брод полн со туристи

Гостите на туристичките бродови во Ровињ во вечерните часови доживеале несекојдневна глетка, имено, во близина на бротчињата кои пловат на панорамска пловидба и често среќаваат делфини – се појавил кит!

Capture11

Китот од 20 метри го снимиле шокираните набљудувачи, а потоа снимката ја објавиле и на ЈуТјуб.

Подоцна стигнала и потврда за воочување на група од три китови, најверојатно од видот познат по латинското име „Physter macrocephalus”. Овие китови се жители на подлабокиот дел на јужниот Јадран, а пливаат на длабочина поголема од 1.000 метри. Длабочините во северниот Јадран не се големи, така што сигурно станува збор за единки кои се дезориентирани и се обидуваат да го пронајдат патот во длабоко море. Доколку не го најдат патот, им се заканува опасност од закотвување и повреди.

Во меѓувреме биле потврдени дојавите за појавата на овие китови, поточно три.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top