Ни тоа што се под постојана присмотра на медиумите и фотографите откако се појави на гала вечерата во Њујорк, не го спречи Тајгер Вудс да испие некоја чашка повеќе и да се посрами.
Првото појавување во јавност на спортската двојка не помина баш најдобро. Имено, како што јавува „Ју-ес векли“, Тајгер Вудс поприлично се опуштил на забавата каде охрабрен од алкохолот почнал да изведува шоу на подиумот за танцување, а врв било кога пред сите својата девојка Линдзи Вон почнал да ја фаќа за задникот.
Убавата скијачка на тоа се насмевнала, но како што поминувала вечерта состојбата на Тајгер и станувала се помалку забавна. На крајот на се „веселиот“ Вудс наводно се сопнал на скалите, па Линдзи морала да му помогне да стане.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.