По вториот силен земјотрес во Италија спасувачите се сѐ уште во потрага по преживеани под урнатините. Еден од многубројните спасувачи во гратчето Каподака на околу 70 километри северозападно од Норча во Умбрија, под урнатините наоѓа жива жена.
Гопсодинот со смирен тон ја прашува дали воопшто е во состојба да дише нормално, на што таа му одговара „Само малку“.
-Во ред, важно е да останете смирена. Полицијата и брзата помош доаѓаат, ќе се обидеме да ги тргнеме урнатините, но ќе ги причекаме за да не ве повредиме. OK, ѝ вели спасувачот за да ја смири.
-Разбирам, но морам да одам во веце, одвраќа жената панично.
-Знам дека не е пријатно, но ако морате, направете го тоа, ѝ сугерира и пристојно се оддалечува од местото за да може жената да изврши нужда.
Жената е спасена и превезена во најблиската болница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот