
Германската армија се подготвува за евентуално повлекување на шесте разузнавачки авиони Торнадо од турската база Инџирлик пред се поради тоа што Анкара се уште не дозволува германски пратеници да ја посетат базата, објави Шпигел.
Според весникот, Бундесверот анализира дали може да ги премести своите авиони во Јордан или Кипар, кои се поддршка за воздушните удари на коалицијата против ИД.
Весникот се повикува на неименувани извори според кои таков чекор ќе значи и прекин на разузнавачките летови за најмалку два месеца. Германското МО не соопшти детали за своите планови.
– Сакаме да ја продолжиме мисијата од Турција, но има и алтернативи на базата во Инџирлик – изјави за весникот портпарол на армијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


