| четврток, 6 декември 2018 |

Со сланина подолго се живее

Една жена од Тексас, која неодамна наполни 105 години, ја откри својата тајна за долговечност, која веројатно на многумина ќе им се допадне.

Перл Кантрес, за американската ТВ мрежа “НБС” изјави дека својот 105-ти роденден го доживеала благодарение на сланината.

-Обожавам сланина, ја јадам секој ден. Не се чувствувам старо, колку што имам години, тоа  е се што можат да кажам- рече Кантрес.

Перл живее во централен Тексас, а вели дека активно се занимава со играње. Исто така ја опиша својата раскошна прослава на 105-тиот роденден, кој се славел цели три дена со повеќе од 200 гости.

За волја на вистината, науката се уште ги нема потврдено нејзините тврдења.

Експертите од Универзитетот во Цирих, спроведоа истражување кое покажа дека лицата кои недоволно консумираат црвено месо, умираат порано од оние кај кои тоа не е случај, но и дека премногу сланина во исхраната може да доведе до рак на дебелото црево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top