| четврток, 6 декември 2018 |

Која е тајната за долг живот?

Група американски научници тврдат дека постењето, односно изгладнувањето може да ја засили моќта на мозокот и ја намали тежината истовремено. Во Националниот институт за стареење преку истражување во кое на животни им давале само онолку храна колку да преживеат докажале дека тие животни живеат до два пати подолго.

Потоа таквиот начин на исхрана бил применет и на луѓе и по сè изгледа дека оваа диета ги штити срцето, циркулаторниот систем и мозокот од болести поврзани со староста, како што е Алцхајмеровата болест.

Рестрикциите на внесувањето на храна го продолжуваат животниот век и ги штитат мозокот и кардиоваскуларниот систем од болести поврзани со староста. Откривме дека јадењето секој втор ден ги активира нервните патишта задолжени за одговор на стрес“ – вели Марк Матсон, шеф на невролошката лабараторија при Институтот и професот по неврологија на Џон Хопкинс универзитетот во Балтимор.

Во еден од експериментите, една група глувци била хранета секој втор ден, а на друга храната им била давана секој ден. Глувчињата кои биле хранети секој втор ден биле почувствителни на инсулин и затоа нивните организми создаваме помалку инсулин. Високо ниво од овој хормон, кој се лачи за да може телото да го контролира нивото на шеќер во крвта по оброкот, вообичаено се поврзува со слаба моќ на мозокот и повисок ризик од дијабетес.

Мозоците на двете групи глувчиња потоа биле испитани и професор Матсон вели дека рестрикцијата на калории го подобрила функционирањето на синапсите во мозокот.

Поранешни истражувања покажале дела изгладнувањето може да помогне и во борбата против ракот. Научниците откриле дека доколку на здравите клетки им се скрати храната тие влегуваат во т.н состојба на преживување, со што стануваат многу отпорни на стрес и на штетата која настанува со хемотерапијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top