| четврток, 6 декември 2018 |

Напад на Американскиот универзитет во Кабул: Најмалку еден загинат и 26 повредени

 

Најмалку едно лице загина, а 26 се повредени вечерва во нападот на угледниот Американски универзитет во главниот град на Авганистан Кабул, чиишто студенти испраќаа пораки за помош од зградата во која беа затворени.

Министерството за здравство наведува дека некои од повредените лица се во тешка состојба.

„Слушнав експлозии и пукање во близина (…) Училницата е полна со чад и прав“, рекол студент во телефонски разговор за АФП.

„Не можеме да излеземе и многу се плашиме“, додал тој.

amerikanski univerzitet kabul 3

Десетици војници набрзо го опколиле кампусот, кој беше нападнат во време кога е полн со студенти, зашто многу од нив работат и ги следат предавањата навечер.

Засега никој не презеде одговорност за овој напад, кој се случи две недели по киднапирањето на свајца професори од овој приватен универзитет, Австралицанец и Американец, а се случува по низа големи напади во авганистанската престолнина.

Многу студенти на Твитер објавија пораки со повик за помош. Меѓу нив е и Масуд Хосани, фотограф за американста новинска агенција Асошиејтед прес, кој заедно со уште двајца студенти успеал да избега од кампусот.

amerikanski univerzitet kabul 4

„Не знаеме колкумина се напаѓачи, но нашите сили го започнаа чистењето“, изјави Седик Седиќи, портпарол на Министерството за внатрешни работи и додаде дека нема информации кои би упатувале дека напаѓачите имаат заложници.

Воени советници, припадници на меѓународната коалиција предводена од Американците, им помагаа на авганостанските сили во одговорот на нападот, изјави американски претставник на Министерството за одбрана.

amerikanski univerzitet kabul 5

Амероканскиот универзитет во Авганистан започна со работа во 2006 година и во моментов има повеќе од 1700 студенти.

Оваа елитна установа која соработу ва со угледни американски универзитети, како што се Горџтаун, Станфорд и Универзитетот во Калифорнија, вели за себе дека „е единствениот приватен непрофитен универзитет, независен и мешовит во Авганистан“, исламска република во која жените и мажите обично се раздвоени.

amerikanski univerzitet kabul 9

Нападите во земјата зачестија, зашто талибаните започнаа офанзива против владата што ја поддржува Запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top