Еден вооружен човек зел заложници во банката Ситибанк во центарот на Москва. Како што наведуваат странските медиуми, тој се заканува дека ќе ја разнесе банката во воздух. Се верува дека има околу 55-60 години. Околу вратот има кутија од која излегуваат жици, наведува ТАСС. Исто така, руската агенција пренесува дека тој напоменал дека неговата акција не е насочена против банката.
Наводно, засега пуштил еден човек од банката, а потоа уште една жена. Меѓутоа, внатре се наоѓале уште четири лица, а напаѓачот барал да разговара со полицијата.
Пред банката се наоѓале полициски возила кои го блокирале сообраќајот. Полицијата ги спречувала минувачите да и се приближат на банката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)