| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани се простуваат од својот сограѓанин: Замина од овој свет уште една охридска легенда!

По трагичната смрт на 42-годишниот Крсте Вељаноски, охриѓани масовно на социјалните мрежи и на порталите се простуваат од својот сограѓанин. Познатиот охридски угостител го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Охрид –Кичево во близина на селото Требеништа. До незгодата дошло помеѓу ТМВ „Ивеко“ со албански национални ознаки, управувано од 30 годишен жител од Република Албанија и мотоцикл „БМВ“ со охридски регистарски ознаки. Охриѓанецот со тешки телесни повреди бил пренесен во Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо од каде констатирале смрт. Повредите на вратотот биле фатални а лекарите не можеле да направат ништо за да го спасат неговиот живот.

-Замина од овој свет уште една охридска легенда, замина човек со срце како Шар Планина, замина нашот Вељан – Крсте Велјаноски. Уште од своето рано детство се бореше и создаваше сам, без ничија помош, другар и пријател како што секој посакува да има. Во својот трновит животен пат се избори да го достигне она што многу го сонуваат, Крсте беше неповтролив. Љубител на спортот, пасионираната љубов кон моторот, беше од неговото љубов на неговото детство. Секогаш учтлив, коректен, човек со преголем сенс за бизнис, така и неговиот италијански ресторан „Стационе“, секогаш Вељан држеше се под конец, што би рекле охриѓани дете чаршиско. Не постоеше гостин кој го посетил овој ресторан, на крај да не биде почестен од страна на Вељан, еднсотавно тој беше душата на ресторанот, секогаш присутен, секогаш љубезен, она прав угостител господин. Го поманам од детсвото, растевме во исто мало, полн со андреналин, секогаш со секого коректен, тоа беше Вељан, кој целосно се посвети на својата фамилија и своите три деца.

Големите луѓе не умираат, тие живеат вечно.

Вељан, почивај во мир, онаму каде те чека Царството божје, онаму каде животот е песма!  – напиша Сашо Денесовски на порталот „Охрид скај“.

14064011_10154339876375330_2481654339769686559_n

Од Вељан се простија и моторџиите на социјалните мрежи:

-Уште една жална вест, попладнево околу 16 часот Крсте Вељаноски од Охрид го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи во близина на селото Требеништа напишаа на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top