| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе заѕвони ли училишното ѕвонче на 1 септември во поплавените подрачја?

Министерството за образование и наука ги презеде сите потребни активности кои беа неопходни да се реализираат околу подготовка на училиштата од регионите кои беа зафатени со поплавите, рече заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во вестите на Канал 5.

-Врз основа на досегашните активности се спроведува комплетна санација на оние делови кои беа зафатени со поплавите и училиштата се подготвуваат, се дезинфицираат. Во редовна комуникација сме со локалните самоуправи за да се завршат сите подготвителни активности. Со оваа динамика, доколку се биде како што треба, на 1-ви септември и таму ќе има старт на учебната година во тие училишта. МОН ги започна сите активности околу набавка на приборот кој што е неопходен за почетокот на учебната година, рече Ристовски.

Целото негово гостување на Канал 5 погледнете го во продолжение

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top