Стефан Ѓуриќ Раста само што се ожени со Ана Николиќ, а веќе му е мака поради тоа.Од нивната венчавка не помина ниту еден месец, а популарниот рапер почна да се жали поради бракот со пејачката. Тој нагласува дека животот му се претворил во пекол, откако станал маж на Ана Николиќ.
-Животот со Ана е пекол!Не се надевав дека тоа така ќе оди, дека се вака ќе изгледа – се пожалил Раста.
Нему најмногу ми пречи што покрај Ана станал интересен на новинарите, па не може да живее како порано.
-Не ми годи ваков вид на популарност. Никогаш не ги користев медиумите за кариерата да ми биде успешна. Одамна работам во Србија и дијаспората, а успехот го постигнав благодарение на интернетот. Своите песни не ги рекламирав на телевизија или во весниците, бидејќи немаше потреба за тоа. Ова сега е ненормално. Не можам да излезам од дома, а некој новинар да не ме пречека – вели сопругот на Ана.
Ана и Раста тајно се венчаа на 28 јули, а нивните пријатели нагаѓаа дека причината за ваквото брзо стапување во брак е бременоста на Ана. Ни таа ни Раста досега не се изјаснија по повод ова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.