| четврток, 6 декември 2018 |

Роденденска желба и било на 105 -ти роденден да и дојдат секси пожарникари (Видео)

За прославата на својот 105-ти роденден, Ивена Смајлс сѐ што сакала за подарок било група секси пожарникари за да ја расположат, а тоа било токму она што го добила.

1472004947-13988231-10153603904001612-5108658184353828263-o0

Благодарение на пожарникарите од градчето Кроукрук, во Англија, Смајлс била опкружена со 40 пријатели и членови на семејството, како и со 5 прекрасни пожарникари, за својот роденден минатата недела.

-Иви секоја година ни испраќа предизвици за својот роденден, а оваа година сакаше пожарникари, изјави една од вработените во Домот за стари каде живее Ивена.

-Ги повикавме локалните пожарникари на помош и тие беа пресреќни да помогнат. Влегоа преку вратата на терасата на третиот кат, додава таа.

Смајлс вели дека искуството било „надвор од овој свет” и дека веќе почнала да го планира својот поголем и подобар 106-ти роденден.

-Веќе ни кажа дека наредната година би сакала да го запознае принцот Хари, вели вработената, а ако земеме во предвид дека оваа жена знае точно што сака, нема да не чуди доколку и се оствари и таа желба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top