Во последното интервју кое го даде за познатиот британски магазин “Спорт“, менаџерот на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, откри дека на неговата адреса пристигнале неколку примамливи понуди од Италија и Шпанија.
Трофејниот португалски стручњак додаде дека поради неколку причини одлучил да остане на Островот и да ја прифати понудата на гигантот од “Олд Трафорд“.
-Можев да се преселам во Италија или во Шпанија. Тоа го имам направено во минатото, но за мене, Премиер лигата е нешто специјално. Во некои земји големите клубови сакаат да бидат уште поголеми, а останатите клубови секоја година се се помали и помали. Така не е во Англија, тука сите клубови имаат амбиција да бидат конкурентни, изјави Мурињо.
Јунајтед забележа две победи во првите две кола од новата сезона, но Португалецот е свесен дека е невозможно, неговиот тим да бележи само позитивни резултати до крајот на актуелната сезона.
Малку сум глупав, понекогаш сум и арогантен, поставувам цели пред себе. Сепак, најглупаво од сѐ е тоа што сакам да славам на секој натпревар, во сите натпреварувања. Тоа е невозможно. Сепак, имаме добар старт, фудбалерите ги знаат зацртаните цели, сакаме да славиме на секој следен натпревар, знаат дека се е во нивните раце, додаде “специјалниот”.
На крајот од интервјуто, Мурињо откри дека е горд на фудбалската репрезентација која го освои победничкиот пехар на ЕП во Франција.
-Ние сме мала земја, од глобална гледна точка, но имаме невидена пасија кога е во прашање фудбалската игра, заврши менаџерот на “црвените ѓаволи”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Виолета Џолева, режисерка: Со првиот мјузикл за деца сакам да им се заблагодарам на маестро Џамбазов и на Оливера Николова
-
Бислимовски: РКЕ нуди четири цени на нафтените деровати, но трговците секогаш ја избираат највисоката
-
Тарик Филиповиќ: Жив актер на сцената сѐ уште е мамка за луѓето да доаѓаат во театар
-
Аница Добра, актерка: Навистина ја имам најдобрата професија на светот!