| четврток, 6 декември 2018 |

Со пушка соблекуваат муслиманки во Франција, а во Шкотска го прават ова

nica plaza burkini

Во 15 француски градови властите забранија носење на буркини, костум за капење за покривање на муслиманките, поради наводна загриженост од нови терористички напади. Поради ова вооружените полицајци почнаа да ги контролираат плажите и да им наредуваат на жените да ги соблекуваат буркините.

Иако одредени невладини организации подесоа тужби против градовите кои ги забрануваат буркините, се повеќе градови се решаваат за таа мерка, како би ги спречиле евентуалните судири на муслимани и немуслимани во Франција.

skot2

Од друга страна Шкотска го воведе хиџабот во своите редовни униформи како би ги охрабрила муслиманките да се приклучат на службата. И додека во минатото полицајците смееле да носат религиозни обележја само со одобрение на шефот, од сега  муслиманската униформа стана дел од редовната униформа на шкотската полиција која сака да биде што попристапна на зедницата на која и служи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top