Поројни дождови проследени со град наврнаа во кичевско Ако до пред три дена жителите во кичевско се жалеа на големата суша, од завчера работите драстично се променија.
Последните два дена поројни дождови наврнаа во повеќе наврати а во селата Белица, Козица, Додреноец и Стргомишта имаше и град, кој направи поголеми штети на штотуку расцветаните овошки.
Дел од нивите во кичевско се повторно под вода, но овој пат од поројните дождови, кои наврнаа во енормни количини, во некои села. Метеоролозите најавуваат смирување на времето, престанок на интензивните врнежи од дожд проследени со грмежи.
Од електричните празнења во некои домаќинства се расипаа повеќе електрични уреди и компјутери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


