| четврток, 6 декември 2018 |

Мигрант се возел 400 километри врзан под камион, шоферот не знаел дека има „слеп патник“(Видео)

Италијанската полиција откри дека еден мигрант од Авганистан поминал 400 километри заврзан со кожен ремен под камион.

Младиот мигрант бил уапсен откако други возачи на автопатот од Неапол до Рим го забележале Авганистанецот закачен под камионот, по што веднаш случајот го пријавиле во полиција, соопшти новинската агенција „АФП”.

kamion-migrant-italija-tocka-2016-01

Возачот на камионот, инаку државјанин на соседна Бугарија кој што го возел камионот од Турција кон Шпанија, изјавил дека не знаел дека има „слеп патник“, па италијанските власти му дозволиле да продолжи со возење кон Шпанија.

Во интервјуто за телевизијата „Sкај”, 24-годишниот Авганистанец изјавил дека им платил 900 евра на криумчари на мигранти, кои што го врзале под камионот на траект од Грција кон Италија. Мигрантот од Авганистан, инаку, шест месеци престојувал во бегалски камп во Грција.

Тој изјвил дека 22-те часа кои што ги минал врзан под камионот биле тешки, но не и неподносливи: „Сум поминал и многу полоши работи во Авганистан во споредба со ова патување низ Италија“.

Исцрпениот Авганистанец кратко престојвал во болница, а потоа бил префрлен во прифатилиште за мигранти. Италијанските власти му дале рок од седум дена да ја напушти земјата, со оглед на тоа што се изјаснил дека не сака да бара азил во Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top