| четврток, 6 декември 2018 |

Нема ни татко, ни мајка, ниту свој роденден: Ова е човекот кој 36 години живее без име (Фото – Видео)

 

Тoј е можеби единствениот човек на земјата кој нема име, нема татко, мајка, брат ниту сестра. Нема баш никој, па ниту свој роденден. Без никакви документи живее во Психијатсиската болница во Раб, Хрватска веќе 36 години.

Иако звучи неверојатно, за државата овој човек како воопшто и да не постои. До ден денес, и покрај бројните дописи на болницата во која живее, неодговорната државна администрација не може да го утврди неговиот идентитет.

Во болницата е од далечната 1980 година кога бил доведен таму. Од тогаш, скоро 4 децении подоцна, тој воопшто не излегол од дворот на болницата.

Кога го нашле, претпоставувале дека има околу 17 години. Тогаш со него тешко се воспоставувал било каков контакт, па бил пренесен во клиниката за психијатрија. Неколку недели подоцна ги префрлиле на Раб, во психијатриската болница каде го минал скоро целиот свој живот.

bez ime 2

Заведен како Н.Н., машко лице, нема ниту адреса ниту датум на раѓање. Подоцна во болничките документи му го внеле името Перица Маташ.

Кога прв пат го пронашла сплитската полиција, се обиделе да го идентификуваат, го сликале, му земале отпечатоци од прстите, но не добиле никакви резулатати за неговиот идентитет.

Хелена Грубишиќ, социјална работничка во психијатриската болница во Раб, вели дека во својата кариера не памети ваков случај.

– Никој не успеа да ни даде корисна информација за него. Да беше здрав можеби и нешто ќе ни кажеше, но вака многу тешко. Него кога ќе го прашате каде живее, вели тука, мислејќи на болницата затоа што не ни знае за нишпто друго.

44

 

Затоа што тој нема никакви приходи, ниту прима било каква помош, еден од вработените во болницата дошол на идеја да собираат по некоја пара за него за еднаш во денот да може да си купи од неговиот омилен сок.

– Сите оставаат по некоја пара за него. Тоа ми е драго да го видам. Тој не е агресивен, соработува, а всушност е и многу драг, вели Сања Каталиниќ, вработена во болницата.

bez ime 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top