На социјалните мрежи кружат се повеќе драматични снимки направени по престрелка во болница во словенечкото место Изола, во која вчера загинаа 36-годишниот доктор Луис Гујермо Бустаманте, 43-годишниот полицаец Иво Жнидаршиќ и 70-годишниот напаѓач Дарко Грегорич, а ранет е уште еден полицаец.
Сведоците изјавија дека докторот бил застрелан во градниот кош. Потоа паднал на земја и почнал да ползи, но убиецот истрелал уште еден куршум во неговиот грб.
Во моментот на пукањето во болницата случајно се нашол и униформиран сообраќаен полицаец, кој почнал да пука за да го спречи убиецот во намерата, но и тој бил застрелан во градниот кош и веднаш починал.
Убиецот потоа излегол од болницата и седнал на клупа. По пет минути му се приближил вториот полицаец, во кој напаѓачот припукал и тешко го ранил. Следела престрелка во која загинал убиецот.
Словенските медиуми јавуваат дека напаѓачот бил искусен и прецизен стрелец. Тој бил во резервниот состав на полицијата, но оружјето со кое го извршил злосторството не било пријавено и немало врска со полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)