„Џонсон контролс“ бара работници за новата фабрика во Струмица. Се бараат работници со и без работно искуство, а огласот за аплицирање е отворен до 15 септември.
Во фабриката се отворени следниве работни позиции:
-Вилушкаристи
-Механичари за одржување
-Елекротехничари
Квалификации: Со или без работно искуство, а со желба за работа
За сметка на тоа од компанијата посочуваат дека „Џонсон контролс“ нуди безбедна и сигурна работна средина, редовна исплата на плати и надоместоци, бонуси и награди, кариерен развој и личен напредок, како и организиран транспорт и храна.
-„Џонсон контролс“ е посветен на еднаквост во вработувањето, диверзитет и инклузија во работната средина. За сите позиции бараме и машки и женски кандидати. Со нетрпение ја очекуваме вашата апликација – велат од компанијата.
Во мај годинава на поставувањето на камен-темелникот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, истакна дека ова е многу значајна инвестиција за Струмица, прва од ваков поголем вид.
-Долго работевме на неа како економски тим во Владата. Минатата година ја ветив тука во Струмица и еве сега почнува реализацијата на делот што е гринфилд, односно изградба на нова фабрика. Треба да се вработат 1500 луѓе како директни вработувања, плус поголем број луѓе како индиректни вработувања. Се очекува некаде до првиот квартал следната година, кога треба и да се заврши објектот, да се вработат околу 1300, а потоа уште околу 200 и напоменувам уште поголем број на индиректни вработувања, околу 20 милиони евра инвестиција – посочи Груевски.
Во новиот производствен капацитет компанијата ќе шие делови за навлаки за автомобилски седишта наменети за европскиот пазар. Со ова „Џонсон контролс“ по отворањето на фабриката во Штип го проширува својот бизнис во државата, со што овозможува вработување на над 3000 лица.
Во 2014 година извозот од зоните изнесува 1,17 милијарди евра, што значи 31 процент од вкупниот износ во државата. Последните податоци за оваа година говорат дека тој процент се зголемува и извозот за 2015 изнесува 36 отсто. Во првите шест месеци од 2016 година извозот од овие зони изнесува околу 850 милиони евра или околу 21 процент зголемување со истиот период од лани, кога извозот изнесувал 700 милиони евра од зоните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)