Речиси 300 милиони евра се инвестираат за нова опрема и модернизација на Армијата која ќе се спроведе во повеќегодишен период што ќе преставува прва темелна модернизација од постоењето на вооружените армиски сили. Транспортери, оклопни возила, набавка на опрема за специјални задачи, подобрување на капацитетите на противоздушната одбрана, ремонт за транспортните и борбените хеликоптери. Ова е дел од предвидената опрема и модернизација во АРМ.
Владата преку Министерството за одбрана го стартува новиот циклус инвестиции за набавка на нова опрема, техника како и ремонт на постоечките капацитети со кои располага војската.
-Набавка на опрема од аспект на подобрување на капацитетите на противвоздушната одбрана, ремонт на транспортните и борбените хеликоптери, набавка за опрема на абхо единиците. Еден широк фронт на набавки кој треба да се случат и се од огромно значење за функционирање на ова Министерство, истакна премиерот Емил Димитриев во најавата за донесената одлука за модернизација на АРМ.
Реформите (преструктуирањето и опремувањето со современа воена опрема и вооружување) на Армијата на Република Македонија и нејзина трансформација во модерна вооружена сила се спроведува согласно националните потреби како и според барањата и стандардите на НАТО, како согласно потребите за учество во Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ.
– Тоа е согласно НАТО стандардите. Ние со овој чекор апсолутно се вклопуваме во политиките на НАТО. По светската економска и европската должничка криза сега има економско заздравување и затоа започнува нов циклус на инвестиции. АРМ ужива голема поддршка, додаде Димитриев.
АРМ во изминатите години е опремена претежно со застарена воена опрема и вооружување. Истата е обезбедена преку набавки на користена воена опрема и вооружување и преку донации од пријателски земји. Процесот на замена на оклопните возила започна уште во октомври 2014 година.
Во октомври/ноември минатата година се формирани 12 Интегрирани проектни тимови со задача да подготват на проекти за набавка на потребните средства и опрема за секоја одделна група на средства согласно планот за модернизација. Секој тим, вкупно над 100 експерти од одбраната имаа за цел да направат анализи на моменталната состојба на средствата и опремата со кои располага АРМ, да ги согледаат оперативните побарувања на единиците, да направат анализа на можните начини за надминување на недостатокот на способностите, да ги дефинираат тактичко-техничките карактеристики на потребните средства и опрема. Притоа внимавано е опремата да биде во согласност со потребите и НАТО стандардите и партнерските цели.
Компаниите кои се повикуваат на тендер се од НАТО земјите членки и земји кои се НАТО партнери се директни производители, односно не се оди со посредници.Техничката комисија врши евалуација на техничките карактеристики на понудите. Се внимав на цената, но и на квалитетот на опремата. Доколку има непрезицни елементи, испуштени податоци за одредени технички елементи, се упатуваат прашања до производителите на дадената опрема
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)