Тимот за воспоставување семејни врски на Црвениот крст на Република Македонија и госпоѓата Камар докажаа дека за упорноста и за љубовта нема затворени граници и коридори.
Пред една недела семејството Камар повторно е заедно во ветената земја, Германија.
Животната драма на семјетвото Камар започнала пред шест месеци кога беше затворен Балканскиот коридор. Во транзитниот центар Табановце останаа мајката Камар и двете деца, ќерката и синот, а таткото успеал да стигне до целта, до Германија.
Процесот за воспоставување врска со сопругот госпоѓата Камар и за Центарот за воспоставување семејни врски на Црвениот крст го започнале неколку месеци подоцна и за среќа успеале.
На 17 август госпоѓата Камар и нејзините деца последен пат се фотографираат во Македонија, на пистата на аеродромот „Александар Велики“ пред полетувањето за Германија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.