| четврток, 6 декември 2018 |

Во едната рака држеше патерица, во другата пиштол: Старец уби лекари и полицајци во болницата во Изола

Со најмалку пет истрели од огнено оружје пред болнцата во словенечкиот приморски град Изола 70-годишен старец уби лекар и полицаец, а уште двајца, лекар и полицаец, се тешко ранети.

Од полициската управа во Копер го потврдуваат случајот и навесуваат дека до пукање во болнцата дошло и дека две лица се убиени во нападот, а две се тешко ранети. Словенечкиот информативен портал 24ur.com наведува дека напаѓачот ѝ е познат на полицијата.

izola slovenija 1

Нападот се случил околу 15 часот.

Очевидец за локалните медиуми вели дека откако излегол од болницата видел тешко ранет полицаец како лежи пред влезот. Мислел дека меѓу убиените е и напаѓачот, но тој се наоѓал во прекриено возило и не се помрднал повеќе од половина час.

Друг сведок за радио Каприс вели дека во лекарите пукал постар маж, кој во едната рака држел патерица, а во другата пиштол.

izola slovenija 4

-Луѓето почнаа да бегаат, мажот седна во автомобил и сакаше да замине, но полицајците го запреа, па самиот пукаш во себе, не знам…, вели шокираната жена, која сведочи за немилиот настан.

Во инцидентот кој се случи околу 15 часот, убиени се еден полицаец и напаѓачот, а друг полицаец е во критична состојба.

Словенечките медиуми пишуваат дека напаѓачот пукал во двајца полицајци и еден лекар и дека потоа го убила полицијата.

„Јутарњи лист“ наведува дека сведок раскажал дека се слушнале истрели на пет куршуми.

izola slovenija 4

Напаѓачот прво пукал во чекалната на очното одделение во болницата, а наводно прво бил застрелан лекарот-уролог. Во чекалницата настанала паника, а напаѓачот се обидел да побегне. Сведок на настанот тврди дека полицијата го застрелала напаѓачот кога влегол во своето возило во обид да побегне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top