| четврток, 6 декември 2018 |

Швајни се договори со нов клуб, на потег е Јунајтед

Спортските медиуми објавија дека германскиот репрезентативец нашол нов клуб, но сега останува од Манчестер да го пуштат.

Познато е веќе некое време дека Јунајтед сака да се ослободи од Бастијан Швајнштајгер, но ќе мора да го исплати, или отштета, или 17 милиони евра, ако би останал на „Олд Трафорд“ во преостанатите две години од договорот.

Во италијанските медиуми проструи информација дека Германецот се договорил со Јувентус.

Би зимал 4 милиони евра по сезона, што е далеку помалку отколку во Јунајтед, но тука му ибила понудена солидна минутажа, а со тоа и шанса повторно да ја заживее неговата кариера.

Јувентус, секако, сака да го доведе во своите редови без обештетување, иако се знае дека Јунајтед ќе сака да заработи на овој трансфер.

Сега на потег се од Јунајтед, во случај да дадат дозвола за Швајни, ќе заштедат на неговата плата, што и не е баш износ за потценување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top