Аргентинецот последен се смееше по неговото деби за Јувентус.
Најскапото засилување во историјата на Серија А, Гонзало Игуаин, имаше што да им каже на критичарите после мечот против Фиорентина, кога за осум минути на теренот го реши победникот (Јувентус победи 2-1).
– Само напред, продолжете да пишувате колку сум дебел. Што погласни сте, повеќе голови ќе давам, тоа баш ме мотивира – изјави аргентинскиот напаѓач во редовите на Јувентус.
Игуаин во новиот клуб се појави со вишок килограми.
– Изненаден сум колку луѓето знаат да бидат злобни, па нормално е после пауза да имам неколку килограми вишок. Брзо ќе ја достигнам оптималната форма – додаде „Пипито“.
Има специјален режим на исхрана, го одби позивот за репрезентацијата. На следниот меч на Јуве против Лацио, Игуаин повторно ќе стартува од клупата, но во клубот се сигурни дека целосно ќе биде подготвен веќе за третото коло, во средината на септември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)