| четврток, 6 декември 2018 |

Мело се прости од „дрим тимот“ (видео)

carmelo-anthony-rio2016

Играчот на Њујорк Никс е најуспешниот американски кошаркар на Олимписките игри.

Кармело Ентони го освои својот трет златен медал на четвртите Олимписки игри, со што стана единствениот американски кошаркар на кој му успеало тоа на олимпијадите.

По вчерашното финале на ОИ во Рио и високата победа на САД над Србија, популарниот Мело успеа да стане и најдобриот стрелец на САД во историјата на Олимписките игри.

Мело во поросек има по 12.1 поени по натпревар, а во вчерашното финале постигна 7 поени.

– Колку и да ми недостасува, време е да го отстапам моето место на момците кои беа во тимот оваа година, како и на помладите – изјави Кармело Ентони.

Ентони во НБА лигата настапува од 2003 година, а беше дел од еден од најдобрите драфтови во историјата на лигата.

Прв пик тогаш беше Леброн Џејмс, по него беше Дарко Миличиќ, додека Меле беше трет пик, пред Крис Бош и Двејн Вејд.

Во текот на својата НБА кариера, покрај Њујорк Никс, настапуваше и за Денвер Нагетс.

Девет пати учествуваше на Ол-стар мечот, два пати е одбран во вториот најдобар тим на лигата, четири пати во третиот, а во 2013 година беше најдобар стрелец во лигата.

За репрезентацијата, покрај трите златни медали на ОИ во последните осум години, има освоено и бронзен медал на ОИ во Атина 2004 година, како и бронзен медал на Светското првенство во Јапонија 2006 година.

Кармело Ентони во „дрим-тимот“ низ годините:

Топ 10 потези на Кармело Ентони во кариерата:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top