Вчера завршија 31. летни Олимписки игри кои се одржаа во Рио де Жанеиро, а ова се десетте најсмешни моменти од големиот спортски настан
1. Монголските тренери
Откако судиите го оставија нивниот борач без медал, ги соблекоа своите алишта за да протестираат пред судиите
2. Францускиот мечувалец
Французинот Енцо Лефорт се посрамоти во текот на натпреварувањето кога мобилниот телефон му испадна од панталоните
3.Танцот на Давид Катоатау
Дигачот на тегови од Кирибати, Давид Катоатау ги освои навивачите со својот танц во текот на натпреварувањето. Тој по секој свој успешен настап презентираше по некоја негова кореографија.
4. Кинеската пливачка
Пливачката која ја претсавуваше Кина, Фу Јуанжу на трката 100 метри грбно успеала да избори финале, но не беше свесна за тоа се додека репортерката која и земаше изјави не и кажа за успехот.
5. Српските веслачи
Српските веслачи не успеаја да ја завршат квалификациската трка откако им се преврте чамецот. Вакво нешто не се случило на Олимпијадата од 2004 година.
6. Погрешната страна на шишето со вода
Комичната ситуација се случи на фудбалскиот натпревар на кој настапи женската репрезентација на Австралија, а капитенката на австалијките доби помош од својата соиграчка.
7. Јапонскиот скокач во височина
Видео кое брзо стана хит на социјалните мрежи. Несреќниот јапонец наиде на неочекувана пречка при неговиот скок.
8.Канадскиот пливач
Пливачот Санто Кондорели пред секоја негова трка го покажуваше средниот прст кон публиката. Неговиот потег на прв поглед е некоректен, но прстот бил наменет само за неговиот татко.
9.Бразилските носачи на факели
Олимпискиот пламен наиде на бројни пречки во текот на неговото патување, а по минати 20 000 километри конечно стигна во Рио. Првиот инцидент му се случи во Сао Паоло, а пробелеми имаше и во Порто Алегре каде при минувањето на факелот настанал голем метеж.
10.Илегалниот скокач во вода
Истрча од публиката, се соблече качувајќи се по скалите и успеа да заплива во олимпискиот базен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


