Популарниот диџеј на британското „Радио 1“, дел од јавниот сервис „Би-Би-Си“, Крис Денинг, се изјасни за виновен за педофилија и сексуално злоупотребување на 21 дете како дел од полициската истрага за педофилија во таканареченото детско диско.
Педофилот, кој има 75 години, призна дека злоупотребувал 11 деца, некои на возраст од осум години, во периодот помеѓу 1969 и 1986 година.
Тој се изјасни за виновен во судот во Лондон за 21 сексуален престап, вклучувајќи непристоен напад и поттикнување мажи и момчиња на недоличности.
Обвинувањата се дел од полициската истрага наречена „Операција клисура“, во врска со сексуални престапи поврзани со диското „Walton-Hop“, детско диско кое фукционирало од 1958 до 2001 година.
Тој негирал три точки од обвинението, но судот нареди обвиненијата да останат во неговото досие. Пресудата ќе биде донесена на 6 октомври.
Педофилот веќе отслужува 13-годишна затворска казна за полов напад врз 24 различни жртви во периодот од 60-тите и 80-тите години. Според обвинителството, тој има големо досие за напади врз млади момчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Девојче (16) се омажи за 44-годишен маж: Сакав семејство, а тој е совршен за тоа
-
Македонскиот диџеј ГАЛОСКИ го распродаде V2 еден од најпознатите клубови во Токио.
-
Барал голи фотографии од девојче (14), а сега е старател на Јана – откриена мрачната тајна на Марјановиќ!
-
Новинарка уловила хрватски педофил: Дојди кај мене во скут, ќе ти дадам 50 куни