| четврток, 6 декември 2018 |

Туристи се спасуваа од бура на море: Циклонот што ја срамни Хрватска со земја денеска во Македонија

Делови од Хрватска вчера ги зафати постуден бран кој донесе дожд, град, грмотевици и невреме. И утрово во земјата превладуваше облачно време, наместа со обилни дождови, грмежи, а потоа од запад следуваше делумно разведрување.

Nevreme-u-Hrvatskoj-Dubrovnik-munja-gromovi-oluja-620x350

Дождливото време најдолго ќе се задржи во Славонија и во Барања и на југот на Далмација, каде што се можни изразени обилни дождови. Најсончево ќе биде на северот на Јадранот.

Ќе дува главно умерен северен и северозападен ветар, а на Јадранот ќе има силна бура. Највисоката дневна температура ќе се движи меѓу 19 и 24 степени, а на Јадранот од 24 до 28.

Невреме ги зафати синоќа Истра и делови на Далмација. Во делови на Истра паѓаа поројни дождови кои предизивикаа поплави, а молњи го распоруваа небото. Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, невремето не било секаде со ист интензитет. Најкритично било во Истра, каде што невремето предизвикало поплави.

bbimagehandler

Метеоалармот за денеска е портокалов и предупредува за бура и оркански ветрови во подножјето на планината Велебит. Најсилен удар на ветрот се очекува со брзина од 95 до 120 км на час.

Во автокампот „Орсера“ во Врсар паѓале дрвја и едно лице е повредено. Едно дрво паднало и на куќичката на кампот. Во Пула се урнал камен ѕид од три метри.  Во сплитксата област со паднат дрвја бил затрупан северниот влез во тунелот на Марјана.

Од силниот дожд и ветерот биле поплавени градските улици и во Задар, а околу островот Премуда се насукала едрилица со седум членови на екипажот, австриски држвјани, кои не се повредени.

Во близина на островот Сеструњ, едрилица со чешки туристи не можела да ја продолжи пловидбата поради оштетување, но за среќа и овие турсти се спасени.

Меѓу островите Дуги Оток и Угљане бротче изгубило сидро, па шестмина германски турсти побарале помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top