Руските власти одлучија да објават видео на коешто е прикажан авионот кој ќе биде гордост на руската воена авијација.
„Сухој ПАК ФА Т-50“ првпат може да се види во акција заедно со авионите „МИГ-29 КУБ“ и „СУ-35С“.
Новиот руски авион е развиен во најголема тајност во рамките на проектот за модернизација на вооружените сили на земјата и замислен е да биде конкуренција на американските ловци од петтата генерација, како што е „F-22 Raptor“. Еден ваков авион ќе чини 50 милиони долари, што е далеку поевтино во однос на американскиот авион „F-22“, чијашто цена изнесува 339 милиони долари или, пак, „F-35“, којшто чини 178 милиони долари.
Сепак, експертите на овој авион му најдоа забелешка поради тоа што го наследи истиот мотор од моделот „Су-35С“, кој се смета за ловец од 4++ генерација, односно нешто помеѓу четвртата и петтата генерација на руските борбени авиони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)