| четврток, 6 декември 2018 |

Циклонот од север дојде во Македонија – УХМР со препораки како да се заштитиме доколку има невреме

 

nevreme

Циклонот кој доаѓа од Медитеранот може да донесе ново невреме во земјава, предупредуваат од УХМР.

Денеска попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и постудена воздушна маса од северозапад, како и висински циклон, што ќе предизвика во текот на работната недела времето да биде променливо, во некои денови и претежно облачно, свежо и ветровито.

Во поголем дел од Македонија, особено во планинските подрачја попладнево има нестабилна облачност, на места проследена со пороен дожд и грмежи, а во Скопската Котлина дува засилен северен ветер, на моменти со брзина и до 75 км/час, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладнево ќе се задржи нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси ќе има во вечерните и ноќните часови, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (и над 30 л/м2), а на места ќе има и појава на невреме со електрични празнења, силен ветер и град.

И во Скопската Котлина особено во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Во следните денови ќе има повторно обилни врнежи од дожд наместа проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.

На повеќе места врнежите ќе бидат обилни.

Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Денеска не излегувајте од дома ако немате потреба за тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top