Веројатно најдобрата вест откако одлучивме да ја направиме оваа листа на најубавите и најзгодни водителки од македонскиот етер, е што таа не е многу кратка (можеше и полошо). Напротив, тука се најдоа дамите кои ретко оставаат рамнодушен некој од гледачите.
Да започнеме со атрактивната манекенка и водителка на естрадниот магазин „Бекстејџ“, русокосата Драгана Чуприна. Веројатно после полуголиот календар не постои маж што барем малку не му завидува на нејзиното момче Стефан, еден од близнаците во дуото Некст тајм.
Ја знаат од најмладо до најстаро, а таа без разлика на годините воопшто не се променила. Ирена Спировска и по неколку децении на телевизискиот етер се уште е една од најубавите и најодржани водителки кај нас.
Кога сме веќе кај дамите што никако да остарат, тука не може а да не се спомене Лила Стојановска. Иако е мајка на тинејџер таа изгледа многу подобро од некои од девојките кои се на иста возраст со нејзиниот син.
Ако постоеше барем некој што за омилената лото девојка (после Натали), немаше изјавено дека личи на жива барбика, по заводливите настапи во „Танц со ѕвездите“, Марјана Станојковска докажа дека навистина заслужува да се најде на оваа листа…и тоа што е можно погоре.
Девојката со една од најубавите насмевки, а рака на срце, и најубавите гради во Македонија, Симона Николовска, како поминува времето станува се попозитивен и понезаменлив лик на малите екрани.
Една од оние девојки на која покрај на нејзината убавина и се восхитувате и на брзиот јазик и интелегенцијата. Живкица Ѓурчиновска, сега Каленикова, иако е тазе мајка, и чека второ дете, се држи и повеќе од одлично.
Таа ги разубавува утрата. Водителката на утринската програма на МТВ и некогашната презентерка на временската прогноза, Ведрана Ѓорѓевиќ е една од ретките за кои и девојките признаваат дека – ова е навистина убаво македонско девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.