| четврток, 6 декември 2018 |

Најнова листа на должници на УЈП: Звучни имиња на бизнисмени и компании

Управата за јавни приходи ја објави 12-та листа на должници, на која се наоѓаат вкупно 4.570 компании и граѓани.

Тоа се субјекти кои должат за данок на додадена вредност, данок на добивка, персонален данок на доход, продонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На списокот се оние кои имаат долгови доспеани за плаќање до 31 август, а се неплатени до 30 ноември.

На листата се објавени имиња на физички лица и самостојни вршители на дејност чиј долг е повисок од 120.000 денари и на правни лица за долг повисок од 300.000 денари.

Македонската радиотелевизија на име неплатен данок на добивка и ДДВ должи околу 99 милиони денари.

На листите постојано се повторуваат исти компании.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top