Тажни женски лица, насмеани мажи, ваква слика затекнала фотографката Сандра Хојн која поминала еден месец во и околу борделот Кандапара во Бангладеш. 900 секс работнички го пронашле својот дом во овој боредл, тие се легални проститутки, бидејќи Бангладеш е една од малкуте муслимански земји што ја имаат легализирано најстарата професија.
За Сандра фотографиите кои ги направила во боредлот се микс од уметност и активизам, и се направени со и за луѓето, особено жените што се соочуваат со слични судбини. Работата на проектот не била лесна – имало многу моменти кога ѝ се кршело срцето и не успевала да остане само објективен фоторепортер:
-Фотографирањето на Паки – 15-годишна девојка, со муштерија кој воопшто не ѝ се допаѓаше, беше многу лошо искуство за мене. Се чувствував како да ја злоупотребувам додека ги правев сликите. Но морав да се присилам да го направам, бидејќи немаше да биде реално ако не ја прикажев таа реалност… Нејзиниот муштерија беше само еден од група од пет мажи, секој од нив сакаше да има секс со неа, еден по друг. Тоа беше ужасно,вели фотографката.
Судбините на девојките се навитина тажни, ги мажеле на девет години, биле принудени на секс две недели откако родиле дете.Повеќето од нив не знаат ниту кој е таткото на нивните деца. Бебињата се оставени на милост и немилост, прегладнти и голи.
Овие девојки вршат услуги и на двајца клиенти одеднаш. Велат немаат друг избор и се што ќе им се нареди, нивна задача е да го извршат.
Кандапара во Тангаил е најстариот и вториот најголем. Постои околу 200 години. Во јули 2014 беше нападнат и демолиран од поголема група вооружени мажи, поддржана од локалната влада. Беше одново воспоставен со помош на локалните невладини организации. Иако жените во Кандапара имаат избор да го напуштат, барем на хартија, ретко се одлучуваат за тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.