| четврток, 6 декември 2018 |

Се намалува штедењето во банките

Штедењето во банките забавува и тоа е последица на економската криза низ која поминуваат и граѓаните и компаниите. Последните податоци од Народната банка покажуваат дека приватните компании континуирано ги повлекуваат парите од своите сметки во банките и најголем дел од нив ги изнесуваат надвор од државата, додека, пак, депозитите од граѓаните сè уште се зголемуваат, но со забавена динамика, пишува „Капитал“ во својата анализа објавена денеска.

Тоа, всушност, и не е изненадување ако се знае дека во првите десет месеци од 2012 година, реалната нето-плата во земјава се намалила за 2,7 проценти во споредба со истиот период претходната година. Анализирајќи ги овие показатели се отвора дилемата кој штеди во македонските банки?!
Штедењето во банките забавува и тоа е последица на економската криза низ која поминуваат и граѓаните и компаниите. Последните податоци од Народната банка покажуваат дека приватните компании континуирано ги повлекуваат парите од своите сметки во банките и најголем дел од нив ги изнесуваат надвор од државата, додека, пак, депозитите од граѓаните сè уште се зголемуваат, но со забавена динамика. Во ноември, вкупните депозити се зголемиле за 5,1 проценти на годишно ниво, наспроти порастот од 5,5 проценти во октомври, што укажува на продолжување на трендот на забавен пораст на депозитите. Тоа, всушност, и не е изненадување ако се знае дека во првите десет месеци од 2012 година, реалната нето-плата во земјава се намалила за 2,7 проценти во споредба со истиот период претходната година. Анализирајќи ги овие показатели се отвора дилемата кој штеди во македонските банки?!

Гувернерот на Народната банка, Димитар Богов, неколку пати предупреди дека приватните компании ги извлекуваат парите до домашните банки и најчесто ги изнесуваат надвор од земјата за да ги финансират нивните матични фирми, кои се соочуваат со тешки финансиски проблеми. Само кон Грција, минатата година се одлеале повеќе од 70 милиони евра. Богов истакна дека е многу неизвесно  како ќе се одвиваат работите во 2013 година.

– Тешко е да се предвиди што ќе се случува со депозитите на приватните компании. Веќе е познато дека во 2012 година имавме значителен одлив на капитал од банките во форма на дивиденди и кредити од странските компании што работат во земјава кон нивните матични фирми и тоа негативно се одрази на целата депозитна база. Неизвесно е што ќе се случува во 2013 година. Депозитите на населението продолжија да растат, иако зголемувањето е побавно отколку во други години. Секако тоа е последица на забавувањето на економскиот пораст – изјави неодамна гувернерот Богов.

Банкарите, пак, објаснуваат дека порастот на депозитите од граѓаните главно се должи на приливот на пари од иселениците. Тоа, всушност, го објаснува апсурдот на пораст на штедните влогови на населението во ноември лани од 8,5 проценти на годишно ниво во време кога реалната нето-плата се намалила за 2,7 проценти.

Податоците на Народната банка покажуваат дека иселениците во првите десет месеци од 2012 година пратиле во земјава 1,3 милијарда евра, што е за речиси 200 милиони евра повеќе во споредба со истиот период во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top