| четврток, 6 декември 2018 |

Протест кој го виде целиот свет: Монголските тренери полудеа, па се соблекоа пред судиите

Двајца тренери на монголската боречка репрезентација на еден крајно невообичаен начин го искажаа својот револт поради тоа што нивниот борач не успеа да го освои  бронзениот медал.

Монголскиот борач Ганжоригин Мандахран ја изгуби бронзата во борбата против узбекистанскиот претставник, откако судијата при крајот на мечот му досуди казнен бод.

Веднаш по завршувањето на борбата се чинеше дека монголецот победи и двајцата негови тренери почнаа да слават, за само неколку секунди подоцна да дознаат дека нивната репрезентација остана без медал.

Тогаш монголските тренери го фрлија знаменцето за предизвик, но судиите им објаснија дека немаат право да ја преиспитуваат нивната одлука, по што почна лудиот протест. Едниот од тренерите се соблече до гаќи, а другиот само до половина додека бесни протестираа пред судиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top