| четврток, 6 декември 2018 |

Децата-самоубијци на ИД: Полицијата разоружа испаничено дете (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Во Ирак беше фатено 12-годишно дете кое на себе имало појас за терористички напад. Полицијата успеала навреме да го фати бомбашот-самоубиец, кој имал намера да ја активира бомбата во џамија и да убие стотици лица.

2016-08-21T204743Z_12064738

По апсењето малолетниот исисовец бил многу вознемирен. Емотивните и потресни снимки се направени во ирачкиот град Кирккук синоќа коа полицајци го пресретнале момчето на празна улица.

2016-08-21T204744Z_50622335

По кратка борба, полицајците успеале да му го слечат самоубиствениот елек, а детето е приведено.

2016-08-21T204726Z_56934339

Ова апсење доаѓа по два одделни бомбашки напади во овој град на северот на Ирак и ден откако во турскиот град Газијантеп беше убиен 51 гостин, а беа ранети 90 сватови на свадба.

2016-08-21T204419Z_11433919

Турскиот претседател Ердоган за колежот во Газиантеп ја обвини ИСИС и потврди дека убиецот кој носел самоубиствен елек имал меѓу 12 и 14 години.

2016-08-21T204418Z_11372919

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top