| четврток, 6 декември 2018 |

Најбрзиот фатен во прељуба – Болт уловен со две девојки во иста вечер (Фото – Видео)

boltN

Усеин Болт, славниот спринтер од Јамајка кој на Олимписките игри во Рио освои три златни медали, бил уловен како слави во бразилскиот град, но не со својата девојка Каси Бенет, туку со други убавици.

На видеото кое било снимено на неговиот 30 ти роденден, ден по неговата победа во штафета, јасно се гледа спринтерот како се забавува на подиумот со една црномуреста убавица која му тверкаше.

Бразилскиот портал Глобо.ком пишува дека Болт прославата ја започнал во приватна ВИП соба, а потоа продолжиле во дискотеката. Но, тој не застанал тука, па следното утро 20 годишната студентка Џеди Дуарте на својот Твитер профил споделила фотографија од креветот со славниот спринтер.

Болт по освоените медали изјави дека ќе слави цела ноќ, а по овие слики и видеа се гледа дека јамајканецот не излажал.

bolt1

Неговата сестра, Кристина Болт-Хилтон само неколку дена пред прељубата на Болт објавила дека ја запознала неговата девојка Каси и дека таа е совршена за сопруга.

– Ја запознав и прекрасна е, совршена за Усеин. Посоти голема можност да се венчаат кога ќе се вратат дома. Сакаат иста музика и се’ прават заедно. Разговарав со него за основање на семејство, а Усеин и самиот ми кажа дека би сакал такво нешто. Во моментов не живее со Каси, но поминува многу време заедно со неа, изјавила сестрата на Усеин, но се излажала.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top