| четврток, 6 декември 2018 |

Четири години затвор за поранешниот струмички градоначалник

presuda

Поранешниот градоначалник на Струмица, Киро Јанев е осуден на четири години затвор, објави Канал 5. Одлуката на Основниот суд Скопје 1 доаѓа по четири години години од апсењето на Јанев, кој со уште седуммина лица полицијата го сомничеше дека во период од десетина години испрале над 1 милион евра, препродавајќи го имотот на фабриката „Струмичанка“ од 72.000 квадратни метри.

Двете судијки од Струмица и Гевгелија се ослободени. За нив. според Судот, не се докажало дека ја злоупотребиле службената положба. Останатите петмина обвинети поранешни директори и управители на струмички фирми и вработени во Министерството за транспорт и врски, се осудени на 3 и по 2 години затворска казна, објави Канал 5.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top