Тур-оператори од Македонија се претставија на најголемиот Нордиски саем за патувања и туризам МАТКА, кој заврши во Хелсинки вчера, а траеше од 16 јануари. Тие имале можност да се сретнат и да имаат контакти со водечките фински тур -оператори со цел продолжување и интензивирање на досегашната успешно реализирана соработка.
– Од особена важност за нас како деловен сектор е што овој пат добивме директна поддршка од Владата во однос на зголемување на субвенциите за туристите од Финска. Многу сме задоволни од залагањето и проактивниот пристап на амбасадорот Кире Илиоски со помош на кој остваривме бизнис контакти кои отвораат нови перспективи и можности за уште поголем инкаминг туризам од овој дел на светот – истакна претседателката на Стопанската комора за туризам Лела Крстевска.
– Наша цел е да станеме лидери на скандинавскиот туристички пазар – изјави Сашо Дончовски, сопственик на ТА „Атлантис“ додавајќи дека саемот во Хелиснки треба да послужи како пример за добра и успешна туристичка презентација на Република Македонија.
Учеството на македонските туроператори го организира Амбасадата во Стокхолм во соработка со Стопанската комора за туризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.