Данските ракометари го освоија златниот медал на олимпискиот турнир во Рио, откако вечерва во финалето ја совлада Франција со 28-26.
Данците одиграа подобро во финишот на првото полувреме кое го завршија со предност од два гола (16-14), иако во 21. минута губеа со 12-10. Оваа предност на крајот се покажа како пресудна за конечниот победник, бидејќи во вторите 30 минути се играше рамноправно 12:12.
Данците во неколку наврати водеа со три гола разлика, еднаш имаа и највисоки плус пет (25-20), доволно за рутиниран финиш.
Најдобар играч на мечот беше Микел Хансен со осум голови.
Во мечот за третото место Германија ја победи Полска со 31-25.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.