Министерството за финансии ги информира сите лица што беа евидентирани од Комисијата за проценка на штетите во подрачјата зафатени од поплавите во Скопскиот и Тетовскиот регион дека ќе бидат опфатени со авансната исплата на средства согласно динамиката со која што податоците стигнуваат во Министерството за финансии.
„Голем е бројот на лицата кои што во изминатите два дена ги имаат доставено податоците за банката во која што сакаат да им бидат исплатени средствата. Со цел да се избегнат блокадите на телефонските линии во Министерството за финансии, поради големиот број на регистрирани повици, ги замолуваме сите оние кои веќе еднаш воспоставиле контакт со Министерството да им остават простор на останатите да се јават. Исто така, Министерството за финансии ги известува граѓаните дека можат да пратат и смс порака со име и презиме и име на банка до надлежните во Министерството за финансии на следниот број: 070 271 410. Би сакале да истакнеме дека во моментов се прибираат податоци исклучиво за лицата кои што се наоѓаат на списокот кои што е доставен од страна на Комисијата за проценка на штета. Податоците и нивниот телефонски број за контакт, граѓаните можат да ги достават и на следната е-пошта: finance@finance.gov.mk. Се уште се на располагање и следните контакт телефони: 02/3255-578, 02/3255-586, 02/3255-743, 02/3255-742“, соопшти Министерството за финансии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)