Познатиот српски актер Никола Којо на „Твитер“ го прокоментира успехот на српските ватерполисти, но и фотографијата на која селекторите на Србија, Дејан Савиќ и на Хрватска, Ивица Туцак пријателски се поздравуваат,
Фотографијата ги воодушеви граѓаните на двете држави, но како што обично бива, се најдоа и такви кај кои надвладувањето на поделбата никако не им се допаѓа. Којо на својот „Твитер“ профил се осврна на политичарите во двете држави кои односите ги доведоа до критична точка.
-А вие дебили се заканувате се војна и ги затегнувате односните. Вака комуницираат луѓе!, напиша Којо и предизвика воодушевување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.