Никола Којо станал жртва на интернет измама. Актерот и режисер на Твитер објави дека на Фејсбук постои профил со неговото име, дека „психопатот“ комуницира со обожавателите и публиката на Којо во негово име, но дека тоа не е тој навистина и нема врска со тој профил.
Којоп ги замоли своите следбеници на Твитер да го пријават „психопатот“ кој лажно се претставува, комуницира со публиката и одговара во негово име дури и на најинтимни прашања.
Molim sve koji koriste facebook da prijave psihopatu koji se lažno predstavlja i komunicira sa ljudima kao ja. Nemam fb. Hvala. Molim RT.
— Nikola Kojo (@NikolaKojo2) August 5, 2017
Засега оваа страница на Фејсбук има околу 30 илјади лајкови, а речиси секој пост е потпишан со „Ваш Никола“. Лажниот Којо неодамна дури и се обрати со тврдење дека тој е вистинскиот Никола. Сепак, актерот отфрла дека има врска со профилот на Фејсбук.
Во меѓувреме постот со преку 800 коментари во кој фановите псотавуваат прашања, а Којо им одговара е избришан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се враќала од работа кога монструмот ја покосил на тротоар – таа е прва од 10 жртви од нападот во Торонто!
-
Морбилите во Србија ја зедоа новата жртва: Почина здравствен работник
-
Има три ќерки, но ги крие од целиот свет – Никола Којо ги открива своите најголеми стравови
-
Најопасниот аеродром на светот ја зема првата жртва (ВИДЕО)