Една мачка нападна 7 питбули кои се шетале со нивните сопственици во Канада. Резултат на овој необичен инцидент – еден хоспитализиран питбул и еден сопственик во брза помош!
Кајла Гровер раскажа дека со група сопственици на питбули се шетала кога ги нападнала мачката наречена Бејби.
-Мачката прво се нафрли на моето куче и го изгреба по лицето. Се обидов да ја тргнам и тогаш и мене ме изгреба. Наредната ноќ ја поминав во Брза помош, бидејќи ми требаше лекарска помош, вели Гровер.
Сопственикот на мачката 78-годишниот Дел Томпсон изјави дека мачката почнала да ги гребе кучињата, кога еден питбул и пришол и сакал да ја подушка.
„Признавам, тоа не беше баш убаво од неа, но таа веројатно мислела дека треба да се заштити.“
„Кучињата само поминуваа“, вели сопственичката на еден од питбулите. „Но, мачката не се откажуваше, целосно полуде и сите ги нападна“.
Сопственикот на Бејби понуди да ги плати ветеринарските трошоци за кучињата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.