| четврток, 6 декември 2018 |

Почина пешакот прегазен во „Ѓорче Петров“

Автомобил синоќа прегази пешак во сообраќајна несреќа што синоќа околу 23 часот се случи  на улицата „Ѓорче Петров“, кај „Баумаркет“ во Скопје.
А.М. (1990) управувајќи „цитроен ц4“ со гостиварски регистарски ознаки удрил во пешакот В.Ч. (1967).
Пешакот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде починал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top